Шефот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека САД и Кина наскоро би можеле да склучат голем и сеопфатен трговски договор.
Ова го објави Доналд Трамп на Твитер.
Трамп истакна дека Кина најави забавување на економскиот раст поради трговската војна меѓу САД и Кина.
„Кина штотуку објави дека нивната економија расте многу побавно од очекуваното поради нашата трговска војна со нив. Тие го суспендираа зголемувањето на царините за САД. На САД им оди многу добро. Кина сака да направи голем и многу сеопфатен договор. Ова може да се случи наскоро!“ – нагласи американскиот претседател.
Треба да се напомене дека ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи, во 2019 година растот на извозот на Кина ќе се намали за половина - на 5,1%, а стапката на раст на БДП ќе се намали за околу 1 процентен поен.
Да потсетиме дека Кина ќе ги намали увозните давачки за американските автомобили за 90 дена. Тоа се прави со цел да се намалат тензиите во трговските односи со Вашингтон.



