Водач на муслиманската заедница за Прес ТВ во вторникот изјави дека најмалку 50,000 Рохинџи се раселени во новата рунда насилства во западните региони на земјата.
Властите во понеделникот соопштија дека овој месец биле убиени 88 лица.
„Убиени се вкупно 49 мажи и 39 жени“, изјави за AFP владин функционер - кој не сакаше да биде именуван, со што вкупниот број на загинати од јуни се искачи на околу 180.
„Околу 300 куќи беа изгорени во градот Пауктав во неделата, но немаше жртви во тој инцидент“, додаде официјалниот претставник.
Сепак, групите за човекови права стравуваат дека реалниот број на жртви може да биде многу поголем.
Претходно во вторникот, Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека има недостиг од храна, вода и медицинска помош во веќе пренаселените кампови во западен Мјанмар.
„Јасно е итно да се воспостават редот и законот за да се спречи понатамошно насилство и да се олесни пристапот за да може да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна“, се вели во соопштението на агенцијата.
Во соопштението, исто така, се вели дека над 28,000 луѓе биле принудени да избегаат од своите домови овој месец како резултат на ескалацијата на секташкото насилство во земјата.
Илјадници главно муслимански Рохинџи во државата Ракин побараа засолниште во камповите на ОН кои веќе се борат да се справат со 75,000 луѓе раселени од претходното насилство предизвикано во јуни.
Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч издадоа одделни соопштенија, повикувајќи го Мјанмар да преземе акција за заштита на муслиманското население Рохинџа од екстремистички будисти.
Владата во Мјанмар одбива да ги признае Рохинџите како граѓани и има мислење дека единственото решение за кризата е испраќање на едномилионската заедница во други земји кои се подготвени да ги примат.
Се вели дека Рохинџите се муслимански потомци со персиско, турско, бенгалско и патанско потекло, кои мигрирале во Мјанмар уште во 8 век.
(Прес ТВ)



