Daily H Newsrriyet
Акбанк, подружница на Sabancı Holding, забележа добивка од 2.5 милијарди лири за 2011 година, што е речиси 13 отсто под 3.2 милијарди лири колку што забележа во 2010 година.
Вкупната актива на банката порасна за 17 отсто во периодот и достигна 140 милијарди лири. Готовинските и безготовинските заеми пораснаа за вкупно 30 отсто во 2011 година и надминаа 88 милијарди лири.
Во писмената изјава, генералниот директор на Акбанк, Хакан Бинбашгил рече дека заемите на малите средни претпријатија (МСП) и корпоративните заеми резултирале со зголемување од 30 отсто на годишно ниво и достигнале 49 милијарди лири. Кредитните картички и потрошувачките кредити исто така се зголемени за 27 отсто на над 25 милиони лири.
Акбанк отвори 35 нови филијали во 2011 година, со што вкупниот број на експозитури достигна 926. Бројот на банкомати на Акбанк се зголеми за 568 и достигна 3,695. Од крајот на 2011 година, A kbank има второ место по банкомати меѓу приватните банки во Турција. Покрај тоа, Акбанк вработи 328 нови вработени во 2011 година.



