Последниот напад доаѓа неколку часа откако израелско атентатско беспилотно летало уби двајца Палестинци во северниот град Џабалија доцна во саботата.
По смртоносниот напад, друг израелски воен авион погоди цел во областа Зејтун во јужниот дел на градот Газа. Во нападот се повредени четири лица, меѓу кои и едно дете.
Претходно во саботата, израелски борбени авиони, исто така, гаѓаа три локации во северните и централните области на Појасот Газа, но нема извештаи за жртви.
Израелската војска често го бомбардира Појасот Газа, велејќи дека акциите се спроведуваат за одбранбени цели. Меѓутоа, секогаш се користи непропорционална сила, што е во спротивност со меѓународното право, а цивилите често се убиени или повредени.
Над десетина Палестинци беа убиени во воздушните напади на израелскиот режим на опколената палестинска територија во шестдневниот период од 18 до 23 јуни.
Режимот во Тел Авив на околу 1.7 милиони луѓе во Газа им ги ускратува основните права, како што се слободата на движење, работните места со соодветни плати и соодветната здравствена заштита и образованието.


