Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го тужеше лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу поради изјавата во која тој го окарактеризира Ердоган како „предавник“ на земјата, а адвокатите на премиерот тврдат дека Киличдароглу ги прекршил личните права на Ердоган.
Адвокатите на Ердоган, Али Озкаја, Муамер Џемалоглу и Бурханетин Севенџан во петицијата поднесена до судот во Анкара тврдеа дека Киличдароглу упатил претерано тешки навреди кон премиерот на состанокот на партијата ЦХП во четвртокот.Алудирајќи на премиерот, Киличдароглу даде дефиниција за „предавник“ на собирот, велејќи: „Човекот што не успева да ја заштити својата земја и нејзините интереси е предавник“.
Адвокатите на Ердоган во својата петиција ја цитираа изјавата на Киличдароглу и истакнаа дека тие забелешки ги надминуваат легитимните граници на слободата на говорот и правичната јавна критика.
Адвокатите побараа отштета од 100,000 лири од Киличдароглу за, како што велат, грубо и навредливо кршење на личните права на Ердоган.
Повреда на „лични права“ е основа за граѓански тужби, како што е наведено во облигациониот кодекс на Турција.
(Денешен Заман)


