Агенција Франс Прес
Стапката на невработеност во Турција падна на 9.1 отсто во трите месеци заклучно со декември, од 11 отсто во истиот период од 2010 година, покажаа официјалните податоци во средата.
Бројот на невработени се намалил за 382,000 луѓе и достигнал 2.42 милиони во споредба со 12 месеци, соопшти институтот за статистика врз основа на анкета на околу 95,000 луѓе.
Турската економија забележа спектакуларно закрепнување од глобалната криза, со раст од 8.9 отсто во 2010 година. Владата очекува раст од 8.0 отсто за 2011 година. Меѓутоа, за 2012 година Анкара очекува раст од 4.0 отсто, што укажува на нагло забавување како резултат на ефектите од должничката криза во еврозоната .
Невработеноста останува главен предизвик за владата во земја каде што многу млади луѓе ја зголемуваат работната сила секоја година.
Стапката на невработеност во Турција се одредува преку анкети на домаќинствата низ целата земја, кои потоа се користат за да се направи проекција за три месеци низ целата земја.
Но, експертите велат дека бројките не ја одразуваат целокупната слика поради распространетата непријавена или скриена невработеност или вработувањето на образовани, квалификувани луѓе на ниски работни места.



